И Општина Могила блесна во новогодишен сјај.
Утре (28.12) во општината се организира предновогодишен базар и забава за најмалите на која ќе пристигне и Дедо Мраз.
Градоначалникот на општината, Драганчо Саботковски ја објави агендата за утрешниот настан.
Според неа, забавата за најмалите почнува во 11 часот со пристигнување на Дедо Мраз, а потоа следуваат новогодишниот панаѓур и претстава со Биби.
За постарите ќе има и предновогодишен базар кој започнува од 13 часот, со обраќање на градоначалникот.
Ќе настапи диџеј, а посетителите ќе имаат можност и дегустирање греено вино и ракија.
Во продолжение погледнете како е украсена општината:


