ФОТО Киев: Гугл го отвори пристапот до руските воени бази, тие претходно беа затемнети

Украинските вооружени сили објавија на Твитер дека Гугл Мапс го отвори пристапот до руските воени и стратешки објекти. Порано беа затемнети.

„Сега секој може да види разни руски фрлачи, мини на интерконтинентални балистички ракети, командни пунктови и тајни депонии со резолуција од околу 0,5 метри по пиксел“, се вели во соопштението.

Достапните слики сега вклучуваат носач на авиони, складишта за нуклеарно оружје во близина на Мурманск, подморници во близина на Камчатка и воена база во Курск, на 150 километри од украинската граница.