Плодовите кои ги имаме дома станаа луксуз. До нашата редакција беше испратена фотографија направена денеска во еден маркет каде цената достигнува 328 денари.
Оваа цена е неколку кратко повисока од онаа по која се продаваа минатата година.
Иако за овој плод не треба големи инвестиции, ниту пак обработка, сепак цената е многу висока, реагираат дел граѓаните.
Цената е исклучително висока иако понудата на костени годинава е поголема од кога и да е. Се продаваат на повеќе тезги, заедно со компири, морков, домати… но и на картонски кутии надвор од пазарот. Ги има на мерење и пакувани во вреќички.
Но, дали се тазе и домашни и дали се вкусни или не, ќе се дознае дури кога ќе ги пробате.