Breaking Жестока расправија меѓу Филипче и Славески за „Алта банка“ – гувернерот му порача: Разумен човек би го избришал срамниот пост!
Македонија

ФОТО: Ковачевски му подари македонски дрес на Шоле

ФОТО: Ковачевски му подари македонски дрес на Шоле

Советникот на Стејт департментот Дерек Шоле утрово пристигна во Скопје, каде што беше пречекан пред платото на Владата од премиерот Димитар Ковачевски.

Шоле и Ковачевски ќе разговараат за повеќе прашања, меѓу кои енергетиката, економијата и борбата против корупцијата.

Целта на посетата на Шоле на Западен Балкан, како што претходно соопшти Стејт департментот, е да ја нагласи трајната посветеност на САД за мир, стабилност и просперитет на Западен Балкан.

Ковачевски на својот Фејсбук профил објави фотографии од средбата, на која може да се забележи дека му подарил македонски дрес.

„Топло добредојде за Дерек Шоле денеска на средба во Скопје. Нашето силно стратешко партнерство со САД е од голема важност во годината која ни претстои, а која е исполнета со предизвици и кај нас, но и глобално. За овие предизвици, но и за многу други теми ќе разговараме на денешните средби“, напиша Ковачевски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни