Македонија

ФОТО Куќата на Есма Реџепова се распаѓа: По нејзината смрт, наследството остана запуштено

ФОТО Куќата на Есма Реџепова се распаѓа: По нејзината смрт, наследството остана запуштено

Куќата на македонската пејачка Есма Реџепова, која по нејзината смрт требаше да стане музеј, е во катастрофална состојба.

На социјалната мрежа X се објавени слики кои покажуваат каква е моменталната ситуација.

Куќата е тотално уништена, а останале само голите ѕидови. Во вилата од 750 метри квадратни украдено е сè, вклучувајќи и врати и прозори.

Имотот од 1300 метри квадратни е запуштен и обраснат со висока трева, што создава тажен и застрашувачки призор.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни