ФОТО: Куклата Барби доби нов лик – изгледа исто како кралицата Елизабета Втора

Кукла Барби со ликот на кралицата Елизабета Втора е пуштена во продажба по повод 70-годишнината од нејзиното стапување на тронот.

Се вчитува...

Куклата е облечена во фустан од слонова коска и син појас. Украсена е со минијатурни медалјони и панделки. На главата на куклата има и дијадема, слична на онаа што Елизабет ја носи на денот на нејзината венчавка.

Кралицата, која денес полни 96 години, се искачува на тронот по смртта на нејзиниот татко. Таа е моментално најдолготрајниот монарх во британската историја.