Македонија

ФОТО: Лифтовите не работат, со инвалидска количка по скали до 6-ти спрат во зградата на МРТ

Од средината на јануари лифтовите во зградата на Македонската радио-телевизија не работат, кога беше поплавено приземјето, а според вработени во институциите сместени во зградата, некои од нив мора да се качуваат до 22 кат секој ден.

Денеска до нашата редакција пристигнаа фотографии од жена која се наоѓа во инвалидска количка и како по скалите се пренесува до 6-тиот кат во зградата каде се наоѓаат канцелариите на едно од министерствата.

Вработените, но и граѓаните кои имаат потреба од услугите на институциите кои се сместени во зградата на МРТ мораат да пешачат по неколку катови за да завршат работа.

Пред лифтовите се поставени метални препреки и ленти, кои сигнализираат дека лифтовите не работат. Вработени во службите кои се сместени во зградата на МТВ велат дека до неодамна работел само еден лифт.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни