Во рамките на Меморандумот за соработка со Управата за извршување на санкции, денес започна првата заедничка акција во која учествуваат лица од Казнено-поправната установа Затвор – Битола. Тие активно се вклучени во чистење и уредување на просторите покрај магистралниот пат.
„Оваа активност претставува значаен чекор кон подигнување на јавната свест, зачувување на чиста и здрава животна средина, како и кон зајакнување на меѓуинституционалната соработка. Во наредниот период, планираме во ваквите акции да бидат вклучени и лица од други казнено-поправни и воспитно-поправни установи, со цел дополнително проширување и интензивирање на оваа позитивна практика.
Со заеднички напори и континуирана поддршка, уверени сме дека ќе постигнеме уште подобри резултати и почиста околина. Ова е само почеток на партнерска соработка што ќе продолжи да се развива и унапредува и во иднина,“ велат надлежните.