Балкан

ФОТО: Македонски автобус остана без покрив, удри во надвозник кај Пловдив

Автобус од Македонија останал без покрив откако удрил во надвозник во Бугарија. Според бугарските медиуми инцидентот се случил под мостот на булеварот Марица-Југ, во бугарскиот град Пловдив.

Возачот не го забележал предупредувањето за ограничена висина од 3,3 метри на возилата кои можат да поминат под надвозникот, па удрил во надвозникот, при што буквално останал без покривот, јавуваат бугарските медиуми.

За среќа, во инцидентот нема настрадани, а во автобусот се наоѓале само двајцата возачи, но предизвикана е значителна материјална штета.

„Инцидентот се случил околу 6:30 до 7:00 наутро. Имаше многу гласна бучава. Очигледно, возачот не ја оцени висината “, изјави Венко, кој работи во близина и бил сведок на несреќата.

Фото: „TrafficNews.bg“ | МКД.МК

The post ФОТО: Македонски автобус остана без покрив, удри во надвозник кај Пловдив appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни