Денес, по повод 1. април, „Денот на шегата“, на градскиот плоштад во Демир Хисар, се одржа Априлијада во организација на дечињата, воспитувачи и негувателки од Детска градинка „Втори Септември“.
Со развивање на детска креативност со маски, песнички и игри, продефилираа низ градските улици, а на априлијадата се приклучија и ученици од ОУ „Гоце Делчев“ и СОУ „Крсте Петков Мисирков“, Демир Хисар.
Детската забавна манифестација на градскиот плоштад имаа прилика да ја следат родители и други присутни граѓани на општината.




