Попладнево во скопската населба Ново Лисиче се случил инцидент во кој возрасен маж бил искасан од глутница кучиња во близина на трговскиот центар „Лиса“.
По нападот интервенирала Итната медицинска помош, по што повредениот бил пренесен на понатамошно лекување на скопските клиники.
Фотографија од местото на настанот е споделена во фејсбук групата „Општина Аеродром – Граѓанска патрола“, каде граѓаните изразуваат загриженост и револт поради зголемено присуство на бездомни кучиња во овој дел од градот.
Во реакциите се упатуваат повици до надлежните институции за итна интервенција и системско решавање на проблемот, со цел поголема безбедност на жителите.
