Најбогатиот човек на светот Џеф Безос вчера успешно се впиша во историјата и се приклучи на „клубот на астронаути“.

Неговиот прв лет беше преку неговата компанија „Блу ориџин“, а „Њу Шепард“ беше лансиран во точно 15 часот од космодромот „Лонч сајт уан“ во западен Тексас.

Пустинското место на полетувањето беше на околу 40 километри од најблискиот град Ван Хорн.

Слетувањето по првиот нивен лет со човечки екипаж, мина без никакви проблеми.

Летот до Вселената траеше 11 минути, а меѓу астронаутите беше и братот на Џеф, Марк Безос.

Посадата ја сочинуваа и американската авијатичарска ветеранка 82-годишната Воли Фанк, како и 18-годишниот Оливер Дајмен.





