ФОТО: Мотор удри во пешак на Јужен булевар, сообраќаен метеж кон Центар

На Јужен булевар во Скопје, моторциклист удри во пешак кој ја преминувал улицата.

Засега не е познато дали има повредени во несреќата, а увид на лице место прави екипа на МВР – Скопје.

Поради сообраќајната несреќа, на овој дел од градот има сообраќаен метеж.