Силно невреме денеска зафати делови од Прилеп.
Во некои места, освен пороен дожд и силен ветер, имаше и град со големина на орев.

Времето денеска променливо облачно со локални врнежи од дожд, на места со појава на грмежи. Попладне ќе има сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во Пелагонија повремено засилен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта ветерот ќе се промени во северен. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени, информираат од УХМР.

-Утре ќе има зголемена облачност и ќе дува умерен до засилен северен ветер, што ќе услови намалување на температурата. Потоа следува период на стабилно време со повеќе сончеви периоди и со пониски утрински температури, соопштуваат од УХМР.
