Македонија

ФОТО Објавени фотографии од запленетото оружје – уапсени 3 лица, планирале одмазда!

ФОТО Објавени фотографии од запленетото оружје – уапсени 3 лица, планирале одмазда!

Министерството за внатрешни работи објави детали и фотографии од арсеналот оружје запленет при последната операција во Скопје.

Против три лица на возраст од 25 до 33 години е поднесена кривична пријава за „злосторничко здружување“ и „нелегално поседување и трговија со оружје“.

Детали за запленетиот арсенал:

При претресите на повеќе локации во главниот град, полицијата пронајде и конфискуваше:

  • Автоматска пушка со две полни рамки и 44 куршуми;
  • Два пиштола со три рамки и дополнителна муниција;
  • Ловна и воздушна пушка;
  • Рачна димна бомба;
  • Големо количество муниција од различен калибар и други материјални докази.

Цели на групата

Според истражните органи, групата дејствувала организирано врз основа на радикална идеологија. Постои основано сомневање дека нивната примарна цел била организирање одмазда за лица кои претходно биле осудени за терористички активности.

Дополнително, истрагата открила дека биле преземани активности за прибирање парични средства од земјата и странство. Се верува дека овие средства биле наменети за финансирање радикална пропаганда и дополнително вооружување на групата.

Случајот е предаден на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за понатамошна постапка.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни