ФОТО Отворената теретана во Паркот на франкофонијата вандализирана: „На кого му пречи?“

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, утрово информираше дека дел од реквизитите и опремата во отворената теретана во Паркот на франкофонијата е оштетена.

„На кого му пречи, навистина? Катчето за рекреација, поставено на барање на жителите, со новата современа теретана што ја отворија пред само една недела, утрово го затекнавме уништено. Некој преку ноќ се обидел да ги запали реквизитите, а вреќата за бокс е исечена и целосно уништена“, напиша Герасимовски.

Тој додаде дека наместо да се користи за рекреација, дел од јавниот простор бил погоден од вандализам. Случајот е веднаш пријавен во МВР.

„Апелирам до сите да го чуваме јавното добро. Овој простор е создаден за жителите и за сите што сакаат спорт и дружење, а не за уништување“, посочи Герасимовски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.