Едногодишниот Зоран е храбар борец.
Неговата убава насмевка денеска ја исполни со позитивна енергија целата Клиника за неврохирургија.
Зоран успешно се избори со една тешка операција и сега се чувствува добро.
„Му посакувам многу здравје, палави и среќни детски денови. Фотографијата е направена и објавена со дозвола на родителот“, напиша на Фејсбук поранешниот министер за здравство Венко Филипче/