ФОТО „Ова е знак Божји“: Еден час течеа солзи од окото Христово на иконата во Призрен

Вчера во призренскиот соборен храм „Свети Ѓорѓи“ беше забележано е дека на иконата, која е насликана по примерот на чудотворната икона на Казанската Богородица со Христос, од очите на Спасителот течат солзи, соопшти Епархијата рашко-призренска.

Овој настан е снимен при посетата на група поклоници „Метохија за млади“, додека верниците ги бакнувале иконите.

-Солзите беа безбојни и без мирис, како природни човечки солзи, а исклучено е да е масло од свеќник бидејќи свеќникот е понизок од ликот на Спасителот, соопштија од Рашко-призренската епархија.

Насобраните верници почнаа да пеат тропари, а призренскиот парох Јован Радиќ ги помаза присутните со масло од кандило.

Потоа беше прочитан Акатистот на Пресвета Богородица со учество на свештеникот Владан и ѓаконот Стефан, кои служат во храмот на Богородица Љевишка во Призрен.

За овој настан бил информиран митрополитот Рашко-Призренски Теодосије.

– Солзи течеа од очите на Спасителот околу еден час. Во овие предбожиќни денови овој очигледен знак Божји го доживуваме како утеха и потсетување дека Христос не го заборава својот верен народ на Косово, дека Пресвета Богородица постојано се моли за нас, но и како покана не да престанеме со нашите молитви за спас и мир на Косово и на целиот свет, заклучуваат тие во соопштението.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното