Пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, познато како Белата палата, вечерва се поставува бина.
Според информациите од терен, во дворот на партијата се поставува бина и озвучување, а во тек се и подготовки кои укажуваат на можност за прослава.
Поставувањето на бината доаѓа по завршувањето на гласањето на локалните избори и по првичните изјави на партиските претставници, кои најавија убедлива победа во голем број општини низ државата.
Очекувањата се дека пред Белата палата во текот на вечерта ќе се соберат членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, додека се чекаат официјалните резултати од Државната изборна комисија.