Македонија

ФОТО: Премиерот почна да јаде и по слави, вчера во Пробиштип касна посна сарма

ФОТО: Премиерот почна да јаде и по слави, вчера во Пробиштип касна посна сарма

„Денеска големиот празник Свети Никола го одбележавме заедно со семејството Спасовски во Пробиштип, кое има и слава и именден“, напиша премиерот Димитар Ковачевски на друштвената мрежа Фејсбук.

Тој додаде: Им благодарам за гостопримството и пријатната атмосфера во нивниот дом. Задоволство е да се биде со трите генерации на ова прекрасно семејство со трпеза полна со превкусни посни јадења и срце полно љубов за сите.

Нека е за многу години денот. Честита слава на сите кои го празнуваат Свети Никола Чудотворец.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни