Премиерот Христијан Мицкоски во Хилтон организираше Велигденски ручек за своите соработници, колеги министри, лидери на верски заедници, новинари…
Точна бројка на присутни не е соопштена, но од објавените фотографии од страна на градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски се гледа дека салата била претесна да ги собере сите гости.
„Денес, во духот на големиот христијански празник Велигден, организирав свечен Велигденски ручек, исполнет со топлина, заедништво и почит кон традицијата. Овој значаен настан ги обедини претставниците на институциите и општествениот живот во едно заедничко славење на вредностите што Велигден ги носи – надежта, љубовта, простувањето и новиот почеток. Во атмосфера на меѓусебно разбирање и почит, се испрати силна порака за единство, солидарност и заедничка грижа за доброто на сите. Велигден нè потсетува дека токму преку сплотеноста и човечноста можеме да ги надминеме сите предизвици и да изградиме подобра иднина за нашата држава. Со оваа свеченост, уште еднаш се потврди определбата за негување на традицијата и зајакнување на заедничките вредности што нè поврзуваат како народ“, напиша премиерот.
На фотографиите се гледа дека присутна била и претседателката Гордана Силјановска Давкова и претседателот на Собранието Африм Гаши.




















