На социјалната мрежa Фејсбук масовно се споделува апел за пронаоѓање на Петар Дрогришки од Битола.
Се работи за момче на возраст од 25 години, кој според објавата, го нема речиси 24 часа.
„Почитувани другарки и другари, ве молиме доколку некој го види или има видено Петар во последните 24 часа да не контактира на броевите 075-888-779, 078-492-812, 075-497-528, 075-497-526“, се вели во апелот.
Апелот се однесува на Битола, Смолево, Брусник и Лавци.
Според апелот, Петар последно бил облечен како на фотографијата десно.