Скапоцено возило е оштетено во сообраќајна несреќа. За среќа, штетата е само материјална и нема повредени лица. Сепак, овој младич направил голема штета на својата моќна спортска кола.
Во неделата, околу 11 часот, се случила несреќа на автопатот А1, кај местото Оточац, на 137. километар во правец кон Загреб.
„Со патничко возило со швајцарски регистарски таблици управувал маж роден во 2002 година, кој поради неприлагодена брзина удрил во заштитната ограда“, соопштија од Полициската управа.
Штетата се проценува на 102.000 евра.
Станува збор за хрватски државјанин кој управувал автомобил со швајцарски регистарски ознаки.
Возачот добил парична казна поради предизвикување сообраќаен прекршок.
Според фотографиите, возилото е Lamborghini Huracan, вредно повеќе од неколку стотици илјади евра.