ФОТО: Српска министерка се закити со колбаси

Српската министерка за шумарство, земјоделство и водостопанство Јелена Танасковиќ пред неколку дена ја отворила продавницата за колбаси во Турија и била снимена со колбас завиткан околу вратот, пренесува Нова.рс.

Завиткана во колбас излезе на сцената.

Се вчитува...

Станува збор за малку познат, нов српски министер. Во времето кога беше избрана за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, таа беше државен секретар во Министерството за екологија и заштита на животната средина. Една година пред тоа Јелена Танасковиќ беше државен секретар во Министерството за финансии на Синиша Мали.

Таа своевремено се најде во центарот на аферата како директорка на компанијата Прв фактор – факторинг, против која МУП водеше истрага за наводно фалсификување хартии во повеќе банки.