Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе, еден од најуспешните јутјубери во Србија и регионот, се соочил со сериозен проблем – засекогаш му е забрането да снима и објавува содржина на платформата Јутјуб.
Оваа вест ја споделил со своите следбеници преку Инстаграм, а долго време се шпекулирало кои се точните причини, сè до сега. Нова објава на неговиот профил дополнително ги објаснува причините кои довеле до оваа забрана.
Бака Прасе сподели слика во која објави дел од имејлот што го добил од споменатата платформа, а во изјавата што платформата му ја испратила има објаснување.
„Почитувани, ја разгледавме вашата жалба за следново: Го прегледавме вашиот канал и утврдивме дека ги крши правилата на заедницата. Знаеме дека ова се разочарувачки вести за вас, но нашата работа е да го направиме Јутјуб безбедно место за сите“, стои во официјалното соопштение на платформата.
Останува да се види како ќе се носи Богдан со оваа ситуација и дали ќе најде алтернативен начин за контакт со фановите или ќе се одлучи за повлекување.