Македонија

ФОТО Струмичките пожарникари направија страшни фотографии од силуети од пожарите

ФОТО Струмичките пожарникари направија страшни фотографии од силуети од пожарите

Пожарникарите-спасители од Територијалната противпожарна единица Струмица денеска објавија серија фотографии направени директно од терен, на кои се прикажани застрашувачки сцени од активен шумски пожар.

„Овие фотографии се направени од нашите пожарникари-спасители и не се обработени во фотошоп. Погледнете ги подобро силуетите од оганот. Ова е доказ со какви мрачни и пеколни сили се соочуваат нашите херои,“ стои во нивната објава.

Фотографиите на социјалните мрежи предизвикаа големо внимание, а многумина коментираат дека во пламените јазици се препознаваат злокобни силуети – несекојдневен визуелен ефект што уште повеќе ја нагласува драмата и опасноста со која секојдневно се соочуваат пожарникарите.

Овие слики се само уште една потврда за храброста и посветеноста на теренските екипи кои, често во екстремни услови, се борат да го заштитат населението и природата од огнената стихија.

Пожарникарите од Струмица и понатаму апелираат за внимателно однесување во природа и почитување на сите предупредувања за опасност од пожари, особено во периоди со високи температури и суша.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни