Двајца мажи се појавија пред судот во Москва. Тие беа обвинети за учество во терористички акт по нападот на концертната сала Крокус Сити, во кој беа убиени 137 лица.
Исламската држава денеска објави снимка од нападот. Новинската агенција Amaq на екстремистичката група објави видео од речиси 90 секунди, за кое тврди дека ги прикажува напаѓачите на местото на нападот.
Во преводот на арапски се наведува дека Амак прикажува „ексклузивни сцени од крвавиот напад врз христијаните“.
На почетокот може да се забележи како тешко вооружен маж пука со автоматска пушка кон ходникот каде што веќе лежат многу безживотни тела на подот. Камерата потоа се префрла кај еден од терористите, кој со нож прободува лице на подот. Четворицата мажи потоа поминуваат низ напуштен дел од салата. Гласовите на напаѓачите се искривени.
Според арапскиот превод, едно лице вели: „Убијте ги без милост“ и „Доаѓаме во името на Бога“.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека се уапсени 11 лица, меѓу кои и четворицата напаѓачи. Рускиот истражен комитет денеска објави видео на кое се гледа како осомничените со врзани очи ги водат во нивното седиште во Москва.
Идентификуван осомничениот за нападот
Footage from the hall of Basmanny court in Moscow with the Rachabalizod Saidakrami
The second suspect in the Crocus Concert Hall terrorist attack case, Saidakrami, was born in 1994. He says he is registered in Russia, but cannot remember where he lives. pic.twitter.com/PFcNhz2868
— Sputnik (@SputnikInt) March 24, 2024
Двајцата осомничени подоцна се појавија пред судот во Москва. Тие се обвинети за учество во терористички напад, јави агенцијата ТАСС.

Осомничените, идентификувани како Саидакрами Муродали Рачабализода и Далерџон Баротович Мирзоев, се соочуваат со обвиненија за „терористички напад извршен од група поединци и што резултираше со смрт на луѓе“, јави ТАСС.
Looking at this, broken, tortured a shadow of a human … I understand why ISIS prefers to die fighting#Moscow pic.twitter.com/UVz3sxK3bN
— Archived (@historylogg) March 24, 2024
Судот објави видео на кое се гледа како полицајците со лисици го носат еден од осомничените во судницата, како и фотографии од истиот човек како седи во стаклен кафез за обвинетите. Властите соопштија дека осомничените се странски државјани.
Еден од осомничените беше донесен во судницата со врзани очи. Кога му го извадиле превезот, на окото му била видлива модринка.
Русија денеска прогласи ден на жалост ширум земјата поради најтешкиот терористички напад на нејзина територија во последните две децении. Руските власти соопштија дека очекуваат зголемување на бројот на жртвите. Најмалку 154 лица се повреден