Тешка сообраќајна несреќа се случи доцна синоќа во близина на Битола поточно кај местото викано Тополчани.
Според првичните неофицијални информации, во несреќата учествувале четири автомобили и еден камион.
8 лица се здобиле со повреди кои итно се префрлени во Клиничката болница во Битола.
За среќа нема загинати, причинета е значајна материјална штета на возилата.
Нема информации како дошло до несреќата, ниту кои биле причините.
МВР се учекува во текот на денот да соопшти повеќе детали.