Македонија

ФОТО: Тешка сообраќајна несреќа кај Росоман, директен судар на два автомобили

ФОТО: Тешка сообраќајна несреќа кај Росоман, директен судар на два автомобили

Утрово се случи тешка сообраќајна несреќа на патот Кавадарци-Росоман. Во директен судир на две возила три лица се повредени, од кои едно потешко.

-Две лица се помлади на околу 23 години, едното е повозрасно, објави противпожарната единица од Кавадарци на својот ФБ профил по интервенцијата од која сподели и фотографии.

ТППЕ Кавадарци излегла на терен со 8 пожарникари, 2 возила за техничка интервенција и 1 амбулантно возило.

Повредените се извлечени и префрлени на медицинска интервенција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни