ФОТО/ВИДЕО: Космонаутска атракција на Дедо Мраз во Париз

Париската луксузна стоковна куќа Galerie Lafayette годинава е невообичаено украсена за божиќните и новогодишните празници.

Со цел да привлече посетители и да го зачува угледот што го има познатата француска стоковна куќа во однос на елеганцијата и стилот, Galerie Lafayette Osman (Haussmann), храмот за шопинг во Париз, секоја година се трка за освојување на најатрактивното божиќно издание.

Самата прекрасна зграда е архитектонско ремек-дело, чија застаклена купола во стилот на Арт Нову плени со својата убавина и покрива повеќе од 70.000 м2 вистински катни шопинг авении.

Овогодинешниот луксузен базар го краси огромна украсена новогодишна елка, која виси во воздухот, заедно со футуристичкиот Дедо Мраз во скафандер од космонаут.

На отворањето на божиќното издание на продавницата учествуваше и познатиот француски актер Омар Си, кој светот го стекна со филмот Недопирливи.

Се очекува за време на празниците илјадници клиенти да ја посетат препознатливата париска шопинг дестинација.

Станува збор за една од најубавите градби во Париз, која се наоѓа на булеварот Осман, именувана по познатиот градител, префект на Париз и Елисејските полиња, Жорж Јуџин Осман, кој е одговорен за актуелниот урбан изглед на француската престолнина и епитетот „град на светлината“.

Галеријата Лафајет била отворена во оваа зграда во далечната 1894 година на само 70 м2, но набрзо станала популарна меѓу парижаните како луксузна чаршија, која подоцна ја окупирала целата зграда и се проширила илјада пати.