ФОТО/ВИДЕО: Завршени се истрагите на Железничката станица во Нови Сад: Погледнете како сега изгледа местото каде што згаснаа 14 животи!

На местото каде во петокот се случи голема несреќа кај Железничката станица во Нови Сад, каде при уривање на настрешницата загинаа 14 лица, завршени се сите истражни дејствија.

Според Блиц, полицијата се повлече. На местото на несреќата останале само неколку патроли за да ги спречат љубопитните граѓани да се приближат до ова место.

Се вчитува...

Местото на трагедијата се уште е оградено со лента, а најдалеку што можете да стигнете до станицата е на околу 10 метри од местото на трагедијата.

Вишото јавно обвинителство соопшти дека вчера испрашало 26 лица за трагичниот настан во петокот, кога 14 лица загинаа откако се урна настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Три лица го преживеале трагичниот настан и се во критична состојба.

Денеска Драган Николиќ, управител на Ургентниот центар на УКЦ Војводина изјави дека состојбата на тројца пациенти повредени од уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад е се уште сериозна и дека нивните животи се во опасност.

Да потсетиме, во петокот, неколку минути пред пладне, се урна настрешницата на влезот на Железничката станица во Нови Сад, при што беа затрупани патници кои чекаа превоз.

Во текот на целиот ден повеќе од 80 спасувачи работеа вредно и храбро за да ги спасат повредените и жртвите. За жал, загинаа 14 лица, меѓу кои и деца.

Нови Сад е во жалост веќе три дена, а вчера во целата земја беше прогласен Ден на жалост по повод невидената трагедија.

Погледнете го видеото.