ФОТО: Во Орегон се појави необична риба – еве како изгледа

Голема, шарена и необична риба била пронајдена минатата недела насукана на крајбрежјето на Орегон. Експерите велат дека станува збор за ретка појава.

„Тоа е интересна риба која многу ретко можеме да ја видиме на брегот“, рече Кит Чендлер, генерален менаџер на Аквариумот.

Се работи за риба тешка 45 килограми, позната како месечона, која живее во тропски и умерени води, а се храни со крил и лигњи.