Денеска, околу 10:55 часот, во Градската болница е донесен 49-годишен маж со две рани во пределот на градниот кош, без знаци на живот, потврдуваат од Градската болница во врска со пукањето во Батинци. Лекарите велат дека веднаш биле преземени мерки за реанимација, но констатирале дека жртвата веќе била мртва во моментот на приемот.
„Денеска, околу 10:55 часот, во болницата е донесено машко лице, на возраст од 49 години, со две рани во пределот на градниот кош. Веднаш беа преземени мерки за реанимација, но беше констатирано дека тој е веќе починат“, изјавија од Градската болница.
Сè уште не се познати околностите на настанот и причината за раните, додека надлежните органи започнаа истрага. Станува збор за Агим Мухареми од Батинци, припадник на Армијата на Северна Македонија.
Читај и ова:
- 1.Уапсен полициски службеник од Единицата за интервентна полиција поради посредување во поткуп
- 2.МВР: Приведени три лица на возраст од 26, 27 и 35 години за убиството во Кавадарци
- 3.Убиство во Кавадарци
- 4.Голем пожар во Центар: Изгореа четири автомобили!
- 5.Марковски ја објави кандидатурата за градоначалник на Скопје: Градот е во агонија, се гуши, тоне, се суши – на Скопје му е итно потребна помош!