Марк Закерберг одговори на провокациите на Илон Маск – со фотографија без маица.
Фотографијата ја објави ММА борецот Израел Адесанја, кој го тренира Закерберг со ММА борецот Алекс Волкановски, кој живее во Австралија а има потекло од Македонија.
„Не се шегувам со Марк, ова е сериозна работа“, напиша под фотографијата на која се гледа како Марк позира без маица после тренинг.
Во јуни, Маск го предизвика Цукерберг на тепачка во кафез, што се чини дека Закерберг ја прифати.
Маск за локацијата го предложил октагонот во Лас Вегас, кој е опкружен со кафез и каде вообичаено се одржуваат борбите на УФЦ.
Инаку, Закерберг со години тренира џиу џицу.
За потсетување, ривалството меѓу двајцата милијардери трае веќе некое време, а откако Закерберг ја лансираше апликацијата Threads како конкурент на Твитер, Твитер на Маск се закани дека ќе ја тужи Мета на Закерберг, кој е сопственик на Facebook, Instagram и новата апликација Threads.
