ФОТО Запален автомобилот на познатиот јутјубер Бака Прасе

Запален автомобилот на познатиот српски јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе.

Според фотографиите, може да се забележи дека предниот дел од автомобилот е целосно изгорен.

Илиќ веднаш истото го сподели на својот Инстаграм профил каде напиша: „RIP Брабус, 2023 -2026“.

Не е познато како и зошто се случил инцидентот.

Инаку, овој автомобил се проценува на околу 500.000 евра.

Се работи за BRABUS 800 4×4². Посебна доза на екстраваганција внесува целосно портокаловиот ентериер – рачно зашиена кожа, детали од карбон и персонализирани елементи на BRABUS ја трансформираат кабината во луксузен салон на ниво на теренско возило. Цената на вакви индивидуално конфигурирани примероци обично надминува 450.000 евра, а со богата персонализација може да достигне над 500.000 евра, што го прави еден од најексклузивните и највпечатливи SUV проекти во светот.

Овој автомобил, како што вели Илиќ, е единствен од ваков вид – нема друг како него во светот.