Свет

ФОТО: Зградата на Вагнер свети во форма на крст

ФОТО: Зградата на Вагнер свети во форма на крст

Зградата на ВАГНЕР во Санкт Петербург е осветлена во форма на крст откако авион на Евгениј Пригожин се урна рано денеска во Тверската област.

Во авионот кој летал на релација Москва – Санкт Петербург имало седум патници и тројца членови на екипажот. Никој од нив не преживеа.

Каналот на Вагнер тврди дека Пригожин бил убиен

Руската управа за цивилно воздухопловство потврди дека на летот биле Евгениј Пригожин и командантот на Вагнер, Дмитриј Уткин. Меѓу загинатите е и Валериј Чекалов, кој беше одговорен за службата за безбедност на Вагнер. Греј зона, телеграмски канал поврзан со Вагнер, потврди дека Евгениј Пригожин загинал во авионска несреќа.

„Главата на Вагнер, рускиот херој и вистински патриот Евгениј Викторович Пригожин почина како резултат на постапките на руските предавници. Но, тој ќе биде најдобар дури и во пеколот. Слава на Русија! објавија тие.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни