Свет

Франција бара итно суспендирање на одлуката за забрана на динарот

Франција бара итно суспендирање на одлуката за забрана на динарот

Франција побара од косовските власти веднаш да ја прекинат одлуката за укинување на динарот и предложи да се најде решение преку дијалог што ќе го води Европската унија.

Франција е загрижена од стапувањето во сила на одлуката на централната банка на Косово, со која се дозволува само користење на евра за готовински трансакции на територијата на Косово, се вели во соопштението на француското Министерство за надворешни работи.

Според Министерството, оваа одлука, која е донесена „набрзина и некоординирано“, ќе има последици врз секојдневниот живот на српската заедница во Косово „што во голема мера зависи од плаќањата во српски динари, кои доаѓаат од Србија“.

„Во отсуство на алтернативни решенија до денес, Франција бара итно суспендирање на оваа мерка за да се обезбеди доволен период на транзиција. Ги повикуваме косовските власти да најдат решение преку преговори, во рамките на дијалогот под покровителство на ЕУ “, се наведува во соопштението.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио во Славјанка Петровска 22.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни