Франција испорача во Хрватска маж (62) осомничен за воени злосторства врз заробени припадници на хрватската војска и полиција во октомври 1991 година во Цериќ и Мирковци, соопшти полицијата во Вуковар-Срем.
Станува збор за хрватски државјанин против кого полициската управа Вуковар-Срем поднела кривична пријава во 2021 и 2022 година пред Жупаниското државно обвинителство во Осиек.
Во извештајот има уште тројца осомничени.
Мажот е уапсен врз основа на европска потерница на 5 октомври годинава на граничниот премин Кале во Франција, при влез од Велика Британија.
Осомничениот е во затворот во Осиек, а вчера беше екстрадиран.