Полноправно членство на земјата во ЕУ, нема друга алтернатива – оваа порака во Скопје ја пренесе потпретседателката на францускиот сенат, Елен Конве Мур, која се сретна со пратениците од најголемите парламентарни групи.
Пратеникот, Хари Локвенец рече дека главно разговарале за актуелни теми, но приоритет било членството на земјата во НАТО, одбраната и безбедноста.
Антонио Милошески од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека земјата треба да се посвети во евроатланскиот пат и дека треба да се организираат добри демократски избори.
Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, рече дека охрабрувачки е фактот што во Парис се работи на новата методологија за проширување.
На последниот самит во Брисел, Франција беше единствената земја која ги блокираше Македонија и Албанија за старт на пристапните преговори со ЕУ, иако францускиот претседател Макрон го призна направениот напредок од земјите.