Балкан

Фрлена бомба во Сараево – полицијата трага по сторителите

Фрлена бомба во Сараево – полицијата трага по сторителите

Рано утринава околу 3 часот активирана е експлозивна направа во сараевската населба Нова Отока, потврдија од сараевската полиција, пренесува radiosarajevo.ba.

Во експлозијата нема повредени. Причинета е материјална штета на објектот, поточно на кафулето.

Сараевската полиција е на местото на настанот и врши увид, по што ќе бидат познати повеќе информации.

Експлозијата се случила во улицата Џемал Биједиќ во општина Нови Град.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни