Свет

Фудбалот не е во плановите: Поради трагедијата во Шпанија одложен мечот меѓу Валенсија и Реал Мадрид

Фудбалот не е во плановите: Поради трагедијата во Шпанија одложен мечот меѓу Валенсија и Реал Мадрид

По страшните поплави кои го зафатија југот на Шпанија, во кои досега животот го загубија повеќе од 150 луѓе, а по многумина се уште се трага, никому не му е гајле за фудбалот. Затоа беше донесена сосема логична одлука да се одложи натпреварот помеѓу Валенсија и Реал Мадрид во 12. коло од шпанската Ла Лига.

Шпанската Ла Лига потврди дека натпреварот нема да се одигра, а причината е ден на жалост кој ќе се одржи низ целата покраина.

Покрај овој дуел одложени се и натпреварите помеѓу Виљареал – Рахо Ваљекано, Леванте – Малага, Кастељон – Ферол и Елденсе – Уеска.

Покрај фудбалските натпревари, претходно беше одложен и натпреварот од Еврокупот помеѓу Лијеткабелис и Валенсија. Не е познато што ќе се случи со последната трка во Мото ГП.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни