Функционерите крадат или заработуваат со пот? – Системска алатка за следење на нивните пари и капитал

Скапи автомобили, луксузни куќи, патувања и платежни картички. Колку чинат функционерите именувани од Владата и на кој начин се обогатуваат? Вицепремиерот задолжен за борба против корупција, најави воведување на системска алатка за следење на парите и капиталот на функционерите. Сѐ уште не се знае кога ќе биде готов системот и кој ќе биде дел од тимот со кој ќе раководи Љупчо Николовски. 

Се вчитува...

Покрај стекнатиот имот, функционерите уживаат и други бенефиции како што се платежни картички, автомобили, патувања итн…Поради тоа, Николовски вели дека политичарите самоиницијативно можат да ги скратат овие привилегии по слободна волја.

Сепак, Николовски не спомна ниту еден функционер, кој својот имот го стекнал незаконски. Системската алатка ќе им овозможи на граѓаните да дознаат каде се трошат парите од буџетот. Сите сектори во министерствата и управите ќе бидат обврзани да поднесуваат извештаи околу тоа каде ги трошат парите. 

.

Извор: ТВ21