Меланија и Доналд Трамп присуствуваа на бејзбол натпреварот од Светската серија во саботата, а камерите ја снимија реакцијата на поранешната прва дама, која стана вирален хит на интернет.
Имено, Меланија во еден момент беше фатена како се смее покрај сопругот, а неколку секунди подоцна се сврте од камерата и ги преврте очите.
После тоа видеото го преплави Твитер и експлодираше од коментари. Многумина овој момент го коментираа како еден од примерите во кои таа покажува незаинтересираност за својот сопруг.
„Колку и да се труди да не го покажува тоа во јавност, очигледно е гадењето што го чувствува кон тој маж“, „Гласно се смеам“, „Не можам да престанам да го гледам ова“, се само дел од коментари под објавата, која стана вирална.
Did Melania give Trump that look again? 😅 pic.twitter.com/aKLH4FBv4B
— Sƚιʅʅ Tσσ Mυƈԋ Fɾҽҽ Tιɱҽ 💋 (@liltx_cbink) October 31, 2021
