Скијачкиот центар е целосно подготвен и екипиран за непречено и безбедно функционирање на ски-терените. 

Цените, како што наведуваат во соопштението, остануваат непроменети. Сезонскиот билет е 4.000 денари, дневен билет 300 денари, тридневен 600 денари, билет за едно возење со жичарница 100 денари, а тридневен пакет аранжман од три полни пансиони во хотел „Молика“ и тридневен ски билет е по цена од 5.500 денари.
Работното време за ски центарот Копанки е од 9 до 15,30 часот.
Од утре почнува скијачката сезона на Пелистер. ЕЛЕМ Турс информира дека од девет часот за посетители ќе биде отворен Ски-центарот „Копанки“.


