Гаши ги распиша повторните локални избори за Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа на 11 јануари

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија денес го потпиша актот за одржување повторени избори за градоначалници во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше, како и Центар Жупа. Изборите ќе се одржат на 11 јануари 2026 година, во согласност со Уставот, Изборниот законик и соодветното законодавство.

Со стапувањето во сила на овој акт, надлежните институции започнуваат со спроведување на законските рокови и процедури. Претседателот на Собранието упати повик до Државната изборна комисија, општинските изборни комисии и набљудувачките организации да постапуваат совесно, транспарентно и професионално.

„Ги повикувам сите политички субјекти и кандидатите да водат мирен, фер и демократски изборен процес, со почитување на изборните стандарди и европските вредности“, се наведува во писмената изјава на претседателот на Собранието.