Собранието до 23 часот мора да гласа за новата Влада поради временските неприлики во Скопје.
Ова го рече претседателот на Собранието Африм Гаши по последниот прекин за пауза на седницата. Собранието продолжи со работа во 21 часот и 15 минути.
„Наложено ми е дека може да работиме до 23 часот, може да се случи невреме и пак да снема струја. Значи вечера мора да гласаме за Владата, најдоцна што може е 23 часот, па ќе пристапиме кон процесот на гласање“, рече претседателот на Собранието Африм Гаши.
По 21 часот скопската котлина повторно е зафатена од силно невреме проследено со дожд, грмотевици и засилен ветер.
Инаку деловникот овозможува расправата за избор на Влада да трае максимум до полноќ.