Македонија

„Генералка викенд 2022“ – Почна големата акција за чистење на Водно

„Генералка викенд 2022“ – Почна големата акција за чистење на Водно
Денеска започна најголемата еко-акција досега „Генералка викенд 2022“, во која претстојниов викенд во 26 општини ќе се реализираат големи акции за чистење. Градот Скопје, заедно со јавните градски комунални претпријатија со поддршка на Општина Кисела Вода и Општина Гази Баба, со над 200 волонтери кои се дел од акцијата за чистење на планината Водно, во која се собира отпадот од врвот, пешачките патеки и падините на планината. Еко-акцијата е поддржана и од Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. „Ваквата иницијатива „Генералка викенд“ ни помага да постигнеме значителен резултат. Продолжуваме со реализацијата на платформата „Свет без отпад“преку собирање на голем обем на комунален отпад во 26 општини ширум земјата, а исто така работиме и на намалување на емисиите на јаглерод диоксид преку засадување на нови дрвја со што оваа емисија ќе се сведе на нула“, вели Горан Сладиќ.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни