Патиките Nike Air Max Day постојат од 1987 година и брзо станаа едни од најпопуларните и најпрепознатливите патики на сите времиња. На 26 март се одбележува изумот на овие патики, а Nike Japan организираше нешто посебно во чест на 35-годишнината од Nike Air Max Day.
Имено, во зградата Nike во Токио направија огромен постер со 3D приказ на портокаловата кутија на Nike патики која се отвора и потоа гледаме различни модели на патики.
“Nike Air претставува креативност, имагинација и иновација. Сакавме да ги пренесеме овие елементи преку технологијата за да ги возбудиме љубителите на овие патики, но и минувачите”, изјави Џули Игараши, потпретседател и креативен директор на Nike Japan, за Creative Review.
Случајните минувачи ја снимија и фотографираа зградата, а своите впечатоци ги споделија на социјалните мрежи.
„Ова изгледа одлично“, „Изгледа уште подобро навечер“, „Ова е толку кул“, се само дел од коментарите.
Патем, првиот модел на Nike Air Max патики – Air Max 1 – беше развиен од Tinker Hatfield. Тоа е првата патика во историјата со видливо воздушно перниче.
