Свет

Германија ги олеснува ограничувањата за влез

Германското Министерство за здравство има намера од 1 јуни да ги олесни правилата за влез во земјата воведени поради Ковид-19, објавија германските медиуми.

Новата одлука за преминување на границата повеќе нема да бара потврда за вакцинација, минато боледување или негативен тест.

„Ќе го суспендираме правилото 3G за влез до крајот на август“, рече министерот за здравство Карл Лаутербах, според извештаите на медиумите.

Новите правила ќе треба да бидат одобрени денеска од владата, која треба да ги одобри и сите вакцини против коронавирус одобрени од Светската здравствена организација, дури и ако тие не се одобрени во Европската унија.

Бројот на случаи на коронавирус во Германија опаѓа. Институтот Роберт Кох во вторникот регистрира 64.437 нови случаи, што е за 21.815 помалку од пред една недела.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни