Ги казнувал за неносење маска додека ни тој не ја носел – полицаец си заработи казна

Неносењето заштитна маска во Грција, без разлика дали е на отворено или на затворено, може да ви донесе „подарок“ во вредност од 300 евра.

Овој подарок обично го носи полицијата, но и тој ќе биде казнет доколку не носи маска додека казнува граѓани.

Тоа му се случи и на полицаец од градот Патра.

Имено, полицаецот додека проверки и им пишувал казни на граѓаните за неносење маска, ни самиот не ја носел истата, а по реакциите во медиумите, реагираше и министерот за цивилна заштита Такис Теодорикакос.

На несовесниот полицаец му била изречена предвидената казна од 300 евра за неносење маска.

Дополнително, започнала и дисциплинска постапка и преместување во друга служба.